Со влегувањето на силите на Антантата во Битола во ноември 1916 г, војските на Централните сили се повлекоа на околните планини, а цивилното население остана заробено помеѓу двете завојувани страни. Во период од околу две години населението во Битола и околните села беше жртва на постојаното бомбардирање со најразлични видови на гранати, меѓу кои најстрашни биле оние со боеви отрови.
На фотографиите се прикажани различни сцени од Битола во месец јануари 1917, доловени од непознат фотограф/и на Француската војска
Извор на фотографиите: https://www.culture.gouv.fr
Повеќе за Македонија за време на Првата светска војна: Macedonia 1912-1918…
Жртва на бомбардирањето на Битола. Погреб без ковчег во гроб 0,5 до 0,6 метри длабок ископан од страна на фамилијата
Погреб на девојче, жртва на бомбардирањето – Битола, Јануари 1917
Битола под снег – Јануари 1917 – Панорама снимена од Саат кулата – поглед кон исток
Битола под снег – Јануари 1917 – Панорама снимена од Саат кулата – поглед кон запад
Битола под снег – Јануари 1917 – Панорама снимена од Саат кулата со Исак џамија во преден план – поглед кон север
Битола под снег – Јануари 1917 – Панорама снимена од Саат кулата – поглед кон југ – На првата зграда (денес Стопанска Банка Битола) може да се видат последиците од бомбардирањето на градот