Зоолошка Градина Битола

Зоолошката Градина во Битола е основана во 1951 година од страна на група ентузијасти и љубители на животинскиот и растителниот свет. Неколку години по нејзиното формирање, заради специфичноста и важноста на нејзината мисија, Зоолошката Градина преминува под директна надлежност на органите на тогашната државна управа.

Работно време

  • Јануари-Февруари 9:00h – 16:00h
  • Март-Октомври    9:00h – 17:00h
  • Април-Септември    9:00h – 19:00h
  • Јуни, Јули, Август    9:00h – 20:00h
  • Ноември-Декември    9:00h – 16:00h

Напомена: Билетарата се затвора половина час порано.

Билети

  • Поединечна посета    50 ден.
  • Групни посети    30 ден.
  • Годишна карта    500 ден.

Во работните денови (понеделник-петок), влезот во Зоо Битола за пензионерите, децата до 5 годишна возраст и лицата со посебни потреби, е бесплатен.

Можна е промена на цените. За подетално посететете ја веб страната на Зоо Битола

Информации за контакт

  •  Тумбе Кафе б.б.
  • +389 (0) 47 222 956
  • +389 (0) 47 202 033
  • https://www.zoobitola.mk
  • zoo-gradina-bt@t-home.mk
  • www.facebook.com/zoobitola

Сместена во прекрасна природа на падините на Тумбе Кафе, Зоолошката Градина има оригинален и нетипичен “ридско – планински” изглед.

На вкупна површина од околу 2 хектари квадратни, Зоо Битола има матично стадо составено од повеќе од 30 различни видови на животни, со повеќе од 400 нивни претставници.

Во Зоолошката Градина работат вкупно 14 вработени кои се задолжени за секојдневна грижа, одгледување, нега односно севкупно подобрување на “престојот” на животните-резиденти.

Зоолошката Градина работи под надлежност на Советот на Општината Битола.

Не пропуштајте..

Share your love