ЈУМ Центар за социјална работа – Битола

Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Битола овозможува стручна помош и заштита на најразлични категории и корисници односно помош и заштита на лицата со проблеми од социјалната сфера на општественото живеење.

  • Адреса: Населба “Карпош“ бб
  • Тел. 047 241 426
  • 047 231 641

Услуги кои ги нуди МЦСР – Битола:

1. Предбрачно и брачно советовалиште
2. Советовалиште за малолетни лица, сторители на кривични дела
3. Советовалиште за возрасни лице со најразлични проблеми и потреби
4. Социјална парична помош
5. Постојана парична помош
6. Помош и нега од страна на други лица
7. Детска заштита (помош за првоновороденче, детски додаток и посебен додаток)
8. Одделение во Демир Хисар
9. Дневен центар за деца со посебни потреби
10. Центар за лица жртви од семејно насилство
11. Старателство и посвојување
Во зависност од категоријата на корисници на располагање е стручен тим од социјален
работник, психолог, педагог и правник.