Добро Поле – Мариово – откријте го местото каде се случил пробојот на Македонскиот фронт за време на ПСВ

Home Џип екскурзии Добро Поле – Мариово – откријте го местото каде се случил пробојот...

Добро Поле е локација на границата помеѓу Македонија и Грција каде на 15 септември 1918 година се случил пробојот на Македонскиот фронт. Овој настан е со големо значење во историографијата на Првата светска војна. Петнаесет дена по битката за Добро Поле капитулирала Бугарија, по што следела Австро-Унгарија (4 ноември 1918 година) и примирјето со Германија на 11 ноември 1918. Според голем број на историчари, Битката на Добро Поле е почетокот на крајот на Првата светска војна.
На 15 септември 1938 г, дваесет години покасно, Добро Поле го посетува делегација од Франција и поставува споменик (кој покасно исчезнува) на местото кое и денес е познато како „Бронзена рака“.

Посетата на оваа локација е особено интересна за сите оние кои сакаат да научат повеќе за Првата светска војна, но воедно е и одлична можност за уживање во живописната природа и „дивите“ предели на Мариово.

Инфо


• Вид на тура: Туристичко возење со џип / Џип сафари
• Тежина на турата: средна/тешка
• Локација: Добро Поле, Општина Новаци
• Време кога може да се оганизира турата: Мај – Ноември
• Траење на турата: 9-10 часа
• Надморски висини: Битола (576 м), Церова Полјана (1092 m), Добро Поле (1736 м)

Програма

• 08.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
• Туристичко возење низ селата – Логоварди, Новаци, Маково, Рапеш, Старавина (~ 1 час).
• Кратка пауза на живописна локација во близина на село Старавина
• Оф роуд возење по шумски пат до месноста Добро Поле со кратки попатни паузи (~ 2 часа)
• Упатување пеш до месноста „Бронзена Рака“ (~ 300м)
• Враќање назад по истиот пат до Битола
• Пристигнување во Битола ~ 16:00 ч
* Можност за посета на село Зовиќ и организација на традиционален ручек во Етно куќата „Кај Мостот“

Галерија

Важно

Патувањето вклучува

• Превоз со теренско возило (4х4)
• Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

• патничко осигурување
• храна, пијалоци и други индивидуални трошоци

Сигурносни препораки

• Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите џип тури се на локации надвор од урбаните средини.
• Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.

Старт / Крај на екскурзијата

  • Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)

Препорачана опрема:

• Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева, па доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.
• Очила за сонце со UV филтер
• Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
• Средство против инсекти
• Фото апарат

Храна и пијалоци

• Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци.
Заштита на животната средина
• Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.

Измени во програмата и отказ на екскурзијата

  • Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.
  • Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.
  • Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.

Пополнете ја контакт формата и ќе Ви испратиме повеќе информации за достапност и цена

Премиера на музичко-сценска драма “Надеж” – 11ти април, 2019 год

Камерна опера Битола Ве поканува да ја проследите музичко-сценската драма "Надеж" која премиерно ќе биде изведена на 11ти април, 2019 год. во 19:00 часот, во...
Zoo Garden Bitola

Зоолошка Градина

- Advertisment - Booking.com