ЈУ ДОМ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА БИТОЛА

 

ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола е основана во 1950 год.. Ова установа служи за згрижување, нега, исхрана и стимулација на деца од 0 – 3 годишна возраст, останати без родители и родителска грижа, како и привремено сместување и престој на самохрани бремени жени еден месец пред породување и три месеци после породување.

За децата во Установата се грижат следниве служби:

  • Стручна служба за социјална, здравствена, педагошка и психолошка дејност;
  • Стручна служба за сместување, нега, исхрана и стимулација на децата
  • Стручна служба за правно, административно-финансово и материјално работење.

Ова установа има капацитет од 120 легла со 2600 м2 корисна површина. Располага со:

  • Соба за прием и воспоставување на емоционален контакт
  • Приемно одделение со сестринска и лекарска соба за нега и обработка на новодојдени деца
  • Две бебешки групи (од 0-6месеци до 3 години) со седум спални соби и две дневни соби
  • Трпезарија и две занимални
  • Соби за мајки.

ЈУ ДОМ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА БИТОЛА

  • ул. Васко Карангелевски бб
  • тел. 047/ 253-339 и 254-339
  • е-пошта:domzadoencinja@yahoo.com