Државни празници во Македонија
За сите граѓани на РМ
- 1 јануари, Нова година
- 7 јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден
- Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
- 1 мај, Ден на трудот,
- 24 мај„Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
- Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
- 2 август, Ден на Републиката
- 8 септември, Ден на независноста
- 11 октомври, Ден на народното востание,
- 23 октомври, Ден на Македонската Револуционерна Борба,
- 8 декември, “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари, Бадник, ден пред Божик
- 19 јануари, Богојавление (Водици)
- Велики Петок, петок пред Велигден
- Духовден, петок пред Духовден
- 28 август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
- Велигден, вториот ден на Велигден
- 1 ноември, Празникот на сите светци
- 25 декември, првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 2 ноември, Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
- 27 јануари, Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
- 8 април, Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај, Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 19 септември, Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември, Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември, Ден на настава на турски јазик