Гимназија – Јосип Броз-Тито – една од најстарите образовни институции во Република Македонија

Home Културно наследство Гимназија - Јосип Броз-Тито - една од најстарите образовни институции во Република...

Објектот во кој е сместена гимназијата Јосип Броз Тито во Битола е споменик на културата на Република Македонија. Со својата богата фасадна декорација, овој објект е еден од најрепрезентативните примери на јавни монументални градби не само во Битола, туку и на територија на Македонија. 

Објектот е изграден во 1882 година за време на Османлиската империја како приватна куќа на Сали-паша, богат земјопоседник. Покасно, објектот го купува Општината која го доградува и го претвора во прогимназија „Руждие“, а од 1896 до 1912 е полна гимназија „Идадие“. Наставата се изведувала на турски јазик и тука учеле исклучиво машки деца, и тоа од побогатите турски семејства во градот. За потребите на гимназијата биле носени професори од Солун.

По Балканските војни и Првата светска војна во зависност од политичката ситуација, наставата се одвивала на српски или бугарски јазик. Oд 1936 година под раководство на Комунистичката партија на Југославија, гимназијата станала расадник за нови идеи кои требало да се спроведат преку организираната комунистичка младина СКОЈ.

gimnazija-bitola-generacija-sto-ne-se-zaborava

gimnazija-bitola-uranak

„Генерација што не се заборава“ – Членови на здружението уранак и ученици во гимназијата. Дел од учениците биле: Елпида Караманди, Стив Наумов, Коле Чашуле, Владо Малески, Борислав Траиковски, Ѓорѓи Цаца, Јован Калаузи и др. …. (Национални херои, познати уметници, писатели, академици…) Фото – НУ Завод и музеј Битола

Гимназијата има особено место во историјата на македонскиот народ, поради тоа што таа е првото средно училиште во кое започнала настава на македонски јазик. Тоа се случило на 6 февруари 1945, во период кога сѐ уште траеле борбите во Втората светска војна.

По војната го добива името „Гоце Делчев”, кое во 1952 е променето во „Јосип Броз Тито”,  име кое го носи и денес.

До денешен ден низ гимназијата поминале голем број на ученици кои значително придонесоа за поновата историја на македонскиот народ.

Dragor River - Bitola, Macedonia
Gymnasium “Josip Broz Tito” in Bitola – one of the oldest educational institutions in Macedonia
Gymnasium “Josip Broz Tito” in Bitola – one of the oldest educational institutions in Macedonia
Gymnasium “Josip Broz Tito” in Bitola – one of the oldest educational institutions in Macedonia
Monument - Gymnasium “Josip Broz Tito” in Bitola, Macedonia
Gymnasium “Josip Broz Tito” in Bitola, Macedonia
Gymnasium “Josip Broz Tito” in Bitola, Macedonia
- Advertisment -

Бесим Пашина џамија – 1916 година – на оваа локација денес...

Стара фотографија - Бесим Пашина џамија на разгледница од 1916 година - за време на Првата светска војна. На ова место денес се наоѓа...