Горно Ореово – Општина Битола

Gorno Oreovo, Bitola Municipality, Macedonia

Село Горно Ореово е оддалечено околу 8 км од Битола и до него се оди по патот кој води низ село Буково.
Името на селото потекнува од богатството на ореви кои ги има во овој регион.
Селото е планинско и е сместено на 960 метри надморска висина.
Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“, за што сведочи споменикот во центарот на селото и народната песна од тоа време.

БОРБАТА ПРИ СЕЛО ОРЕОВО
Чу ли, мајко, чу ли, пушки припукале,
пушки припукале, мајко, над града Битола,
над града Битола, мајко, горе во планина,
горе во планина, мајко, меѓу двете села, .
меѓу двете села, мајко, Буково, Ореово.
Таму ми паднале, мајко, млади Македонци,
млади Македонци, мајко, се добри јунаци.

Како и другите селски населби во овој регион и Село Горно Орехово ево постојано иселување. Така во 1961 г селото имало 279 жители а според пописот во 2002 г, селото имало само 23 жители.

Во центарот на селото е сместен храмот Св. Петка изграден во 1860 г.

Gorno Oreovo, Bitola Municipality, Macedonia

Повеќе: Фото галерија – Село Ореово…