Грб и знаме на Општина Битола

Грб на Општина Битола

Грбот и знамето на општина Битола се утврдени на седницата на Советот на Општина Битола, одржана на 21.03.2006 год.

Грбот на Општина Битола визуелно и хералдички ги искажува и доловува духовните и материјалните добра на Битола. На горниот дел на грбот е прикажан непрекинат златен фриз врз сина основа со што се симболизира богатата и длабока историја на градот.

Централно поставениот црвено-златниот штит на новиот грб ја претставува современата Битола, подемот на нејзината урбана, духовна и материјална култура. Воедно со својата визуелна структура асоцира и на осончаните врвови на пелистерските молики и пелагониското златно класје.

Со својот сферичен долен дел, грбот асоцира на белиот анатички театар во Хераклеа.

Сината боја го симболизира граѓанското општество и демократијата.

Црвената боја животот и традицијата.

Жолтата боја духовното богатство и неговата моќ, а белата е метафора на моралната чистота и етиката

Грбот на Општина Битола е идејно решение на архитектите Владимир Пороевиќ и Костадин Танев – Динка од Скопје.

Стар грб на Општина Битола (1944-2006)

Стар грб на општина Битола

На бела позадина се поставени народна носија, саат-кулата со планината Баба, столб од Хераклеа, запчаник како симбол на индустријата и вода која тече и ја претставува реката Драгор. Во горниот дел е испишан датумот на ослобудување на Битола, над кој се наоѓа петтокрака ѕвезда како симбол на социјализмот.