ХОСПИС ЗА ТЕРМАЛНА НЕГА – СЈУ РАЈДЕР – Битола

Хосписот Сју Рајдер Кеар Битола е дизајниран да работи како посебна организациона единица во тесна соработка со специјализираните служби за палијативна заштита од ЈЗУ Геронтолошки Завод – Хоспис Сју Рајдер Кеар Скопје.

Хосписот Сју Рајдер спроведува палијативна заштита, водејќи сметка за посебните потреби и желби на секој пациент и неговото семејство, како интегрален дел на здравствениот систем на Република Македонија.

Хосписот Сју Рајдер во Битола е изграден во 2001 год., а ставен е во функција на 23.04.2005 год.
За период од една година, во хосписот Сју Рајдер Битола лекувани се вкупно 270 пациенти при тоа постигнувајќи најдобар можен квалитет на животот на граѓаните, а Установата ја оправда својата функција.

Хосписот е со капацитет од 72 кревети и комплетни услови за палијативна заштита, а зафаќа површина од 2200 м2.

ХОСПИС ЗА ТЕРМАЛНА НЕГА – СЈУ РАЈДЕР – Битола

  • ул. Лавчански пат 66
  • тел. 047/ 259-429
  • факс 047/202-429
  • е-пошта: skopje@suerydercare.org.mk