Исак џамија Битола

Исак џамија Битола

Исак џамија е најголемата и главната џамија во Битола, сместена долж левиот брег на реката Драгор. Изградена во 1506 година, целиот комплекс на џамијата бил идеално поставен помеѓу тогашните управни објекти во близина на покриениот пазар Безистен и Големиот мост кој џамијата на другата страна ја поврзувал со главната улица Широк Сокак.

Исак џамија – Битола 1848 – цртеж од Едвард Лир

Isak Mosque - Bitola 1848 - Painting by Edward Lear

Поглед кон Исак џамија Isak Mosque H.Catenacci Bitola 1878

View toward Isak Mosque H.Catenacci Monastir (Bitola) 1878

Еврејски пазар во Битола со Исак џамија во позадина Bitola with Isak Mosque 1915

Jewish bazaar in Bitola with Isak Mosque 1915

Панорама на Битола со Исак џамија 1916

Panorama of Bitola with Isak Mosque 1916

Изградбата на џамијата била финансирана од страна на судијата Исак Челеби, син на Иса Факих. Исак Челеби прво бил судија во Солун, по што бил назначен за судија во Битола, каде се преселил заедно со својата фамилија.

Денес Исак џамија е споменик на културата на Република Македонија и со својата спектакуларна големина и 50 метарското минаре доминира во просторот.


Џамијата неодамна беше комплетно реновирана од страна на турската државна компанија ТИКА (Turkish International Agency for Cooperation and Development).

Isak Mosque - Bitola, Macedonia