Јени амам (Нов амам) претставува бисер на ориенталната архитектура во Битола. Сместен во некогашниот Дрвен Пазар, се претпоставува дека овој амам потекнува од 17 век.
Амамите (Турските бањи) имале многу значајна улога во културите на Балканот како места за социјална комуникација и нивни креатори биле доста добри и познати архитекти. Тоа биле места каде различите етникуми од Битола се дружеле, забавувувале и целосно се опуштале водејќи грижа за својата лична хигиена и здравје.
Јени амам својата функција ја обавувал до првата половина на 20ти век.
Денес дел од објектот и внатрешноста се целосно уништени и се изложени на постојано распаѓање.
