Јени џамија Битола

Yeni Mosque Bitola (Јени џамија)

Јени џамија е сместена во строгиот центар на Битола во близина на Саат кулата од десната страна на реката Драгор. Изградена е од Кади Махмуд Ефенди во 1558-59 и го добила името Јени, што на турски значи „нова“.

Џамијата има квадратна основа, покриена е со купола и веднаш до неа се издигнува минаре со висина преку 40 метри.

Yeni Mosque with Clock Tower and Pekmez Bazaar during the First World War

Јени џамија и Пекмез пазар фотографирано околу 1915 г.

До неодамна внатрешноста на џамијата беше прилагодена во уметничка галерија, но со започнувањето на археолошките истражувања беше откриено дека истата била изградена врз основата на црквата Св. Ѓорѓи. Со завршувањето на археолошките истражувања, остатоците од црквата Св. Ѓорѓи се конзервирани и поставена е стаклена конструкција како истите би биле видливи за посетителите воновоуредениот галериски простор. Дел од овие остатоци се јасно видливи и  во уредениот простор од надворешната страна на објектот.

Yeni Mosque Bitola - Dome

Јени џамија Битола

Јени џамија и Саат кула Битола