Кајмакчалан (2.521 m) – Ниџе планина – еднодневни џип екскурзии

Кајмакчалан е највисок врв на Ниџе планина (2.521 m) и една од клучните позиции на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна.

Од врвот Кајмакчалан се гледаат Островското и Петерското езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат село Скочивир во Македонија, село Чеган и ски-центарот Ворас, во Грција.

Инфо

Инфо

  • Вид на тура: Туристичко возење со Џип (4х4 возило)
  • Тежина на турата: тешка
  • Локација: Кајмакчалан, Ниџе Планина
  • Време на одржување: По договор во месеците мај-септември
  • Траење на екскурзијата: 9-10 часа
  • Надморски висини: Битола: 615 m – Кајмакчалан 2521 м

Патувањето вклучува

Патувањето вклучува

  • Превоз до посакуваната локација со теренско возило
  • Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

  • патничко осигурување
  • други индивидуални трошоци

Програма

Програма

  • 09.00 – Поаѓање од Битола
  • 09.40 – Кратка пауза во месноста Коњарка во близина на село Скочивир
  • 10.00 ~ 13.00 – Туристичко 4х4 возење по живописните предели на Мариово до Кајмакчалан со кратки попатни паузи.
  • 13.00 ~ 14.30 – Пристигнување на Кајмакчалан, посета на Спомен капелата, костурницата, разгледување на околината
  • 14.30 ~ 17.00 – Туристичко 4×4 возење – Кајмакчалан Битола
  • ~17.00 – крај на турата и пристигнување во Битола

За Кајмакчалан

Постои предание дека врвот Кајмакчалан името го добил според арамијата „Кајмак” (најдобриот) кој со другарите од својата чета се искачил на врвот, носејќи го собраното злато од извршените акции по селата и патиштата. Кајмак ископал дупка и го скрил златото. Кога го закопале златото, војводата го убил Кајмак и рекол дека вака ќе биде вечен чувар на закопаното богатство.

(Кајмак+чалам = најдобар што краде).

Постојат и други легенди и преданија за топонимот Кајмакчалан.

Битката за Кајмакчалан

Врвот Кајмакчалан во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на Македонскиот Фронт. Битката на Кајмакчалан останала запаметена во историјата по големиот број на жртви кои ги претрпеле двете завојувани страни, односно бугарската и српската војска, кои една спроти друга биле стационирани на овој дел на фронтот.

И во двете војски имало голем број на присилно регрутирани Македонци.

Дека врвот Кајмакчалан бил важна стратешка позиција, зборува фактот што Бугарите го нарекле „Борисов град“ (по престолонаследникот Борис) бидејќи мислеле дека е неосвоив, а додека пак Србите го нарекле „Капија на слободата“.

Битката за Кајмакчалан е водена помеѓу 12 и 30 септември 1916 година. Помеѓу 26 и 30 Септември борбите биле особено жестоки, се додека српската војска не го зазела и задржала на 30 септември.

Човечките жртви биле огромни и на двете страни, пред се поради битката гради во гради.

Со заземањето на Кајмакчалан, на војските на Антантата им е овозможено да продолжат со понатамошните операции, во кои што подоцна на 19 Ноември 1916 ќе ја заземат и Битола.

Според некои извори, за време на Првата светска војна, веднаш по завршувањето на борбите, со оглед на големиот број на жртви од двете страни на самиот врв започнала изградба на некој вид на спомен обележје. Спомен капелата, заедно со костурницата во која се сместени коските на голем број непознати војници, камбанаријата и придружните објекти околу капелата биле завршени во 1928 година, по повод 10 годишнината од завршувањето на Првата светска војна. По тој повод бил пуштен во употреба и патот за возила кој водел од Битола до Кајмакчалан.

Со оглед на суровите временски услови на кои се изложени објектите, дел од нив неколку пати се реновирани.

Важно

Важно

Сигурносни препораки

  • Бремени жени и гости кои имаат проблеми со врат, грб или други здравствени проблеми и алергии се препорачува да се консултираат со доктор, во однос на нивното учество на џип екскурзиите.

  • Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите џип тури се на локации надвор од урбаните средини.

  • Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.

Старт / Крај на екскурзијата

Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)

Препорачана опрема:

  • Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева, па доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.

  • Очила за сонце со UV филтер

  • Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)

  • Средство против инсекти

  • Фото апарат

Храна и пијалоци

Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци

Заштита на животната средина

Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.

Измени во програмата и отказ на екскурзијата

Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.

Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.

Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.

Don't miss

Close Menu