Император Куп 2019 – VIII Меѓународен натпревар во пливање – 25.08.2019

Home Настани Император Куп 2019 - VIII Меѓународен натпревар во пливање - 25.08.2019

Во недела на 25 август во водите на Олимпискиот базен во Битола ќе се одржи VIII меѓународен натпревар во пливање “Император Куп” 2019.

На натпреварот се очекува да запливаат над 100 натпреварувачи од пливачките клубови низ нашава земја, како и од Р. Бугарија.

Организатор на натпреварот е СПД “Олимпик” од Битола и тренерот Кире Марков, кој што нагласува дека целта на ваквите настани се од особена важност за нашиов град и држава, а пред се за младите луѓе кај кои што треба да се популаризира пливањето како спорт и да се подигне натпреварувачкиот дух на многу повисоко ниво.

Почетокот на натпреварот е во 9 часот, пред што ќе предходи расплив од 8.30 часот.

Ги покануваме сите љубители на овој спорт да дојдат и да ја поддржат оваа спортска манифестација.

Повеќе информации: СПД “Олимпик” –  Битола

Битола – некогаш и денес – Широк Сокак за време на...

Битола - некогаш и денес - Широк Сокак за време на Првата светска војна. Локација - наспроти Хотел Епинал. Споредено со истата локација во 2017. Почекајте...