Дејност: Ажурирање на избирачките списоци – регистрирање на промените на адресните податоци, преселување (нови податоци), запишување на граѓани кои се стекнале со избирачко право и бришење на граѓани од избирачкиот список по различни основи.
Заверка на потписи во постапка за собирање на потписи по иницијатива на граѓани. Во рамките на ова подрачно одделение работат месни канцеларии во кои се водат: Матична книга на родени, венчани и умрени.
Во рамките на Министерството за правда како самостоен орган сместен е Државниот управен инспекторат за Битола и Демир Хисар.
Контакт
Министерство за правда – Подрачна единица Битола
- ул Бул.Први Мај б.б., 7000 Битола
- тел. +389 47 220-864
- +389 71 223 392