HomeБитола низ песнитеMOMА ВОЈВОДА BO БИТОЛА – Народни песни во кои се спомнува Битола

MOMА ВОЈВОДА BO БИТОЛА – Народни песни во кои се спомнува Битола

Каде се чуло видело
мома војвода да бидит
со триста души сејмени,
со стојпедесет делии,
со седумдесет сеизи?
Девојка рано ранила,
низ град Битола минала,
шчо било живо станало,
девојке сељам сторило.
Девојка тељал личила:
„Слушајте, Турци, каури:
Дур’ да се вратам од војска,
Турци да вино не пијат,
каури лута ракија,
девојки да не се мажат,
јунаци да не се женат!”
.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев

Most Popular