Музеј Битола

NI Institute and Museum Bitola

НУ Завод и музеј Битола е сместен во објектот „Стара касарна“, кој воедно е и регистриран споменик на културата.

  • Адреса: Климент Охридски 18, 7000 Битола
  • Тел: +389 47 233 187
  • info@muzejbitola.mk
  • https://muzejbitola.mk
  • Работно време: Секој ден 08.00 – 16.00
  • Во понеделник нема водич

Објектот бил изграден како средно воено училиште (Идадиe) во 1848 година, кога градот Битола бил воен, административен, политички и трговски центар на европска Турција. Средното воено училиште постоело до 1900 година, кога било трансформирано во Воена академија и како такво работи до 1909 година. Од 1909 до 1912 година служеше како високо воено училиште – воена гимназија.

bitola military academy

Помеѓу познатите кадети кои се едуцирале тука се: Мустафа Кемал Ататурк – основачот и првиот претседател на модерна Република Турција и Нијази Бег кој бил еден од водачите на Младотурската револуција во 1908.

Од Балканските војни до 1974 зградата била користена како касарна, од каде потекнува и народното име на овој објект „Стара касарна“. Сепак, објектот не треба да се меша со Црвената и Белата касарна, објекти со далеку поголеми димензии кои се наоѓале во непосредна близина (во денешниот парк), а кои биле разрушени во бомбардирањето за време на Првата светска војна.

Од 1976 г, објектот добива нова намена и во него се сместува Националната установа – Завод и музеј Битола и во помал дел јавните претпријатија Водовод и Катастар.

Bitola Museum Macedonia

Во архитектонски поглед зградата претставува синтеза на западната и ориенталната архитектура. Со своите димензии оваа монументална градба е одраз на градежните достигнувања во тоа време во овие области и воедно таа е единствената историска градба од овој тип во Република Македонија.

Во рамките на музејската зграда се наоѓа постојаната музејска поставка во која хронолошки е претставена историјата на Битола, спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк и административни канцеларии.

Mustafa Kemal Ataturk Museum Bitola Macedonia

Постојана поставка

Во постојаната поставка се претставени повеќе од 2000 експонати од разни историски периоди. Почнувајќи од праисторијата, антиката, раниот византиски, средновековен, илинденски период, балкански војни, Прва светска војна, социјалистички период до денес, преку голем број на особено вредни музејски експонати, прикажана е историјата на Битолскиот регион.

Bitola Museum

Изложените артефакти го потврдуваат постоењето на различни епохи – од забите од праисториски мастодон, неолитските гробови, мозаици и антички базилики, воено оружје и уметнички дела од некои од најпознатите македонски сликари: Тоде Ивановски, Менде Ивановски, Љубомир Белогаски, Борислав Трајковски, Јован Димовски, Лазар Личеновски, Димче Николов, Ранко Струменковски, Димитар Пандилов, Никола Мартиновски, Пецо Спироски и други.

Особено интересни се и револверите на Гоце Делчев и Ѓорѓи Сугарев, монетите од разни антички владетели, оригинални парчиња стар накит, евангелија, декрети и сл.
Бројните артефакти, нивната оригиналност и аранжман, создаваат хармоничен спој на историски епохи, создавајќи еден пријатен музејски свет, кој навистина заслужува да го посетите.

Локација

 

Фото галерија

(фотографии: Музеј Битола)

Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum

Bitola Museum

Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum
Bitola Museum