Премиера на музичко-сценска драма “Надеж” – 11ти април, 2019 год

Камерна опера Битола Ве поканува да ја проследите музичко-сценската драма “Надеж” која премиерно ќе биде изведена на 11ти април, 2019 год. во 19:00 часот,
во Н.У.Завод и музеј Битола

  • Автор: Маја Митровска
  • Режија: Васко Мавровски
  • Сценографија: Владо Ѓорески
  • Оригинална музика: Македонски композитори
  • Менаџер на продукција: Ирена Ружин
  • Дизајн на светло: Игор Мицевски
  • Технички соработник: Цветан Јовановски

Учествуваат:

  • Јулијана Мирчевска – актер
  • Марина Коруновска – мецо сопран
  • Маја Митровска – сопран
  • Александра Јанковска – пијано
  • Деца од: Театарска школа “Бабец” и Детски хор “Ѕвончиња”

* Дејствието се одвива под Пелистер, со поглед кон Преспанско езеро.
Сите ликови живеат во свое време.
Посебен акцент се дава на мајката која чекори низ минатото и денес, мајката која бара утеха во молитвата. Мајката со својата божествена утроба во која се создава животот. Мајката како сенка од минатото, која се јавува како привидение. И надежта која не умира, прикажана преку наивниот карактер на една млада девојка.
Во музичко-сценската драма се проткаени звуци и стихови на македонски композиори и поети…

Од неодамна, нов директор на Камерна опера е проф. Марина Коруновска, која функцијата ја презема од основачот Академик Георги Здравев кој останува почесен директор.
Во Камерна опера членуваат познати уметници, професори и ентузијасти кои се вложиле за развојот на културниот живот во Битола и оставиле незаборавни концерти и настани во поблиското и подалечното минато. Многубројните нови членови ветуваат засилена активност и поддршка, заради потребата од камерната музика, камерната опера, драма со музика, детска опера и оперета, и други класични форми во кои се обликува камерната музика воопшто а како таква нуди многу можности.
Главна цел е задржување на младите уметници во нашиот град и збогатување на културниот живот на битолчани.
-60 години од првата изведба на опера во Битола-

Премиера на музичко-сценска драма "Надеж" - 11ти април, 2019 год