„Незаборав“ по деветти пат – среда 21.08.2019

Nezaborav Festival 2019

Во среда во Центар за култура – Битола ќе се одржи манифестацијата „Незаборав“ која ја организира битолскиот продуцент Панде Димитровски.

Оваа година „Незаборав“ се одржува по деветти пат и е посветен на фестивалските фолк рефрени создадени и испеани од битолчани на Фолк фест Валандово во периодот од 1985 до 2000 година.

Настапуваат: групите „Калабалак“ и „Боеми“, хармоника – Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска.
Водител: Силвана Петрова Насух.

Во изминатите години „Незаборав“ беше посветен на:
2010 – Сашка Петковска
2011 – Јонче Христовски
2012 – Пепи Бафтировски
2013 – Љупчо Спасеновски
2014 – Добри Ставревски
2015 – Гоце Николовски
2017 – Миле Шерденковски
2018 – Битолски конзули

Среда, 21 август 2019
почеток 20 часот
Центар за култура – Битола
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН