Ојде по петело! – анегдоти од Битола

Реката Драгор и Исак џамија фотографирано некаде помеѓу 1900-1911 г

Евреите во Битола и заради доброволната самоизолираност и заради специфичниот начин на живот, како и заради антисемитизмот што ги следел, биле благородна тема за куп анегдоти. Скоро во сите се предмет за подбив. Во тој круг припаѓа и анегдотата „Ојде по петело”, со која истовремено се појаснува и настанувањето на истоимената и многу фрекфетна поговорка.

“Во Битола, токму бил пазарен ден, кога се стемнило и почнало да врни – ама така силно што кој каде се нашол таму останал. Останал и еден селанин од селата битолски, со неколку кокошки и петли што ги донесол на пазар за продавање. Некое време откако се наврнало, неколку саати и сонце угреало и се јавил на Господ појасо – што велат дека нема појќе да врни, луѓето живнаа, се растрчаа, скокајќи од камен на камен во улиците оти се беше како река од силниот дожд.

Селанинот набрзина пошто-зашто ги продаде кокошките и петлите. Му остана само уште еден петел и немајќи муштерија за него, побрзал да си замини за на село. Патем и него го продал евтино на некој Евреин, кој ќе да беше „качен”, т. е. нагшен.

Како било.

Селанинот си заминал, а Евреинот ќе го носи петелот дома држејќи го за нозе. Ама оти несигурен во одот, од што бил ќефлија, петелот го држел малку полабавок така што петелот, претнувајќи со крилјата неколкупати, му се искубал од рацете на Евреинот и почнал да трча кај види.

Луѓето се обиделе да го фатат, заедно со несигурниот на ноѕе Евреин.

А ваму – а, таму, немајќи каде, петелот летнал право во Драгорот.

Евреинот, ваму пари дал, слегол во Драгор да го фаќа.

Петело бега, Евреинот по него.

Се насобрале битолчаните – дуќанџии покрај река и гледаа сеир, некој и ум продавал викајќи: –

Овде збркај го. ваму, ваму, нема кај да избега.

А сега готов е, го фати – и го храбрат и се смеат.

Ама ненадејно одоѕгора, почна нешто да фучи, да татни.

Тоа од дождовите.

Драгорот надојде и со брзина за миг го однесе и петелот и Евреинот.

Во Битола е познато кога нешто ќе оди во неврат да се рече „Ојде по петело”
(Ѓорѓи Димовски-Цолев, „Битолските Евреи’)

Текстот е извадок од книгата „Реката Драгор“, автор Александар Стеровски, издавач: НУУБ „Св. Климент Охридски – Битола“ – Анегдоти поврзани со Реката Драгор, Битола 2009 година