Парк Единство – Нузхетије (Nouschetie) – Парк на слободата – Битола крај на 19 век

Парк Единство - Нузхетије (Nouschetie) - Парк на слободата - Битола крај на 19 век

Паркот Нузхетије (Nouschetie) или Единство се наоѓал на местото на денешниот Градски парк во близина на Млинот и Железничката станица, наспроти Белата касарна. Паркот бил направен во времето на познатиот валија Абдул Керим паша.

Местото каде бил направен паркот, претходно била мочурлива површина, неугледна за тогашното шеталиште и влез во градот, а во исто време и извор на зарази за војската и цивилното население.

Киоск во паркот Единство - Нузхетије (Nouschetie) - Парк на слободата - Битола крај на 19 век

Во паркот се наоѓал киоск во кој се собирале офицерите во попладневните часови и во слободното време, а истиот се користел и за прослави како што било прогласувањето на новиот устав за време на Младотурската револуција (1).
Токму за време на Младотурската револуција, паркот бил преименуван во „Парк на слободата“

1 „Битола низ стари разгледници“ автор: Димче Најдов