Педагошки факултет – Битола

pedagoski fakultet bitola

Педагошката академија во Битола започна со работа на 01.09.1964 година по укинувањето на Учителската школа, како форма за обезбедување повисоко ниво во подготовката на кадри за одделенска и предметна настава во основните училишта од регионот на Југозападниот дел на Македонија. Покрај Групата за одделенска настава во тој период постоеја и шест групи за предметна настава и тоа: Македонски и српскохрватски јазик, Руски јазик, Историја-географија, Биологија-хемија, Математика-физика и Физикахемија. Со рационализацијата на високото образование во учебната 1983/84 година кога престанаа со работа групите по предметна настава, Педагошката академија продолжи со образование на наставници само за одделенска настава.

Во учебната 1987/88 година дејноста на Академијата се прошири со студиска група за образование на воспитувачи, така што денес во Педагошката академија започнувајќи од 1995 год. се подготвуваат наставници за одделенска настава во организации од основното и воспитувачи во организациите за предучилишно воспитание и образование.

Додипломски студии – насоки- учител
воспитувач
– групи: македонско-англиски
македонско-германски
македонско- француски
Последипломски студии- научни подрачја:

– Педагогија во областа на методиките
– Менаџмент во областа на образовен менаџмент

Контакт:

Педагошки факултет – Битола

  • Ул. Васко Карaнгелeвски б.б. 7000 Битола
  • тел: 047-253 652; 253 694
  • факс: 047-220 806; 253 659
  • е-пошта: pfbt@uklo.edu.mk