Пелистер е највисок врв на Баба Планина 2.601 м која е трета највисока планина во Република Македонија. Поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12 500 хектари, во 1948 е прогласен за национален парк – „Пелистер”.