Големо езеро Пелистер – еднодневни џип екскурзии

Pelister National Park - Macedonia

Според легендата, Пелистерските очи (Големо и Мало езеро) настанале од солзите на две сестри, кои биле вљубени во истото момче – Пелистер. Нивната мајка не дозволувала нити една од нив да се омажи за момчето и во бес ги испратила на планина, со клетва да бидат блиску една до друга, но да не можат да се видат. Од жал, ќерките пролеале толку многу солзи, што од нив се создале две прекрасни езера.

Сместени на надморска височина од 2.218 м (Големо) и 2.180 м (Мало), Пелистерските очи се одлична локација за љубителите на природата.

Најлесен и најсигурен начин за посета на оваа локација е со 4х4 теренско возило. Нашето здружение има искусни возачи со модерни и климатизирани возила кои ќе Ви овозможат незаборавно еднодневно доживување.

Инфо


• Вид на тура: Туристичко возење со џип / џип сафари
• Тежина на турата: средна/тешка
• Локација: Национален парк Пелистер
• Време кога може да се оганизира турата: Мај – Ноември
• Траење на турата: 8-10 часа
• Надморски висини: Битола (Старт и финиш) 615 m, Мало езеро 2.180 м, Големо езеро 2.218 м

Програма

08.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
– Туристичко возење низ Национален Парк Пелистер со кратки паузи на живописни локации (~ 3 часа).
– Посета на Мало езеро (2.190 m)
– Посета на Големо езеро со можност за разгледување на прекрасната природа и пејсажи, да вдишите чист воздух, да се напиете чиста изворска вода или планински чај во планинарскиот дом (доколку работи).
– Пристигнување во Битола во попладневните часови

Галерија

Важно

Патувањето вклучува

• Превоз до посакуваната локација со теренско возило
• Организација и реализација на патувањето

Не е вклучено

• патничко осигурување
• други индивидуални трошоци

Сигурносни препораки

• Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите џип тури се на локации надвор од урбаните средини.
• Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.

Старт / Крај на екскурзијата

  • Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)

Препорачана опрема:

• Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева, па доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.
• Очила за сонце со UV филтер
• Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
• Средство против инсекти
• Фото апарат

Храна и пијалоци

• Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци.
Заштита на животната средина
• Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.

Измени во програмата и отказ на екскурзијата

  • Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.
  • Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.
  • Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.

Пополнете ја контакт формата и ќе Ви испратиме повеќе информации за достапност и цена

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here