Инфо центарот Пелистер е локација каде можете да ги најдите сите неопходни информации поврзани со Вашата посета на Националниот парк Пелистер.
Работно време
- Лето 9:00 – 15:30 (Април – Септември)
- Есен, Зима (Октомври-Март) 09:00 – 15:00
- e-mail: infocentarpelister@yahoo.com np.pelister@yahoo.com
- Тел: +38947237010
Инфо центарот поседува и изложбен музејски простор кој е поделен на два дела – секција за постојани и секција за привремени изложби.
Во делот со постојана музејска поставка изложени се најразлични експонати од флората и фауната на Пелистер, информации за историски споменици и настани и воедно за животот на локалното население.
Делот за привремени изложби е простор кој посетителите може да ги изнајмат за најразлични намени.
Инфо центарот има на располагање и соба за состаноци и богата библиотека со најразлични материјали поврзани со националниот парк Пелистер.