HomeИнтересно„Првото пристигање на возот од Солун за Битола, во 1894 година“

„Првото пристигање на возот од Солун за Битола, во 1894 година“

Железничката станица во Битола е изградена во 1894 година како и пругата од Битола до Солун. Работите почнале во 1891 година и по четири години градба Битола на 14.06.1894 се поврзува со Солун.

Железничката врска од Солун до Битола стана важен фактор за развитокот на градот и регионот, исто така. Преносот на стоки од пристаништето во Солун до внатрешноста на европскиот дел од Отоманската Империја се забрза, жителите се запознаа со европските стоки, а и стоки произведени од домашните земјоделци и сточари можеа да се продаваат во другите региони. Исто и армијата имаше голема корист од оваа врска за брзо пренесување на трупите, воен материјал и оружје.

Разгледницата е испратена на 3 март 1895 година во Брисел, Белгија, до: Monsieur, M. SehoepenProcureur118 rue KeyenveldBruxelles, BelgiqueБлагодарам и поздрави. Solomon H.Perez

Извадок од книгата: „Битола низ стари разгледници“ – автор: Димче Најдов

Most Popular