Првата светска војна започнала во Европа на 28 јули 1914 и траела до 11 ноември 1918 година. Македонскиот фронт кој е познат и како Солунски и Јужен фронт, се простирал од Орфанскиот залив во Егејско Море, до Јадранско Mоре во должина од околу 600 км. Тој минувал низ четири земји: Албанија, Грција, Бугарија и тогашна Србија во чиј состав била и територијата на денешна Република Македонија.
Некои од поважните битки на Македонскиот фронт се случиле токму во регионот Мариово, што погубно се одразило и врз цивилното население кое било преполовено од глад, болести и воени дејствија. Денес во Мариово се видливи голем број на сведоштва од тој период и постојат многу приказни за „борбата“ на цивилното население во воениот и повоениот период, кои вреди да се слушнат.
Еднодневната едукативна екскурзија, има за цел да Ви ја пренесе приказната на цивилното население во регионот Мариово, за време и по завршувањето на Првата светска војна, но исто така Ви нуди и незаборавно искуство низ живописните предели на овој крај.
Инфо
• Вид на тура: Џип сафари – туристичко возење со Џип (4х4 возило)
• Тежина на турата: лесна
• Време кога може да се оганизира турата: пролет, лето и есен
• Траење на екскурзијата: 8-10 часа
• Надморски висини: Битола: 615 m, Манастир Св. Атанасиј Старавина 964 m
Програма:
• 09.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
• Кратка пауза во близина на Кота 1050
• Туристичко возење низ селата во Општина Новаци
• Пауза на панорамска локација во близина на село Старавина од каде се гледаат голем дел од локациите од ПСВ
• Посета на ровови и бункери во село Старавина
• Посета на црквата Св. Димитриј во село Градешница (XIV в) единствениот објект од ова село кој иако директно погоден од граната, останал неразрушен.
• Посета на село Зовиќ и приватната музејска збирка во Етно куќата „Кај Мостот“
• Слободни активности (можност на посета на Филмскиот мост)
• ~ 16:00 ч – тргнување назад кон Битола
Галерија
Важно
Патувањето вклучува
• Превоз со теренско возило (4х4)
• Организација и реализација на патувањето
Не е вклучено
• патничко осигурување
• храна, пијалоци и други индивидуални трошоци
Сигурносни препораки
• Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите џип тури се на локации надвор од урбаните средини.
• Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.
Старт / Крај на екскурзијата
- Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)
Препорачана опрема:
• Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева, па доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.
• Очила за сонце со UV филтер
• Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
• Средство против инсекти
• Фото апарат
Храна и пијалоци
• Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци.
Заштита на животната средина
• Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.
Измени во програмата и отказ на екскурзијата
- Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.
- Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.
- Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.