Разгледници извадок од книгата: „Битола низ стари разгледници“ Автор: Димче Најдов ISBN 978-608-4754-01-5 COBISS.MK-ID 96689930
Back 1 - Дел 1 2 - Дел 2 3 - Дел 3 4 - Дел 4 5 - Дел 5 6 - Дел 6 7 - Дел 7 8 - Дел 8 9 - Дел 9 10 - Дел 10 11 - Дел 11 12 - Дел 12 13 - Дел 13 14 - Дел 14 15 - Дел 15
Next
Дел 15 Улица во центарот на Битола по бомбардирањето.
Последици од бомбардирањето на Битола
Последици од бомбардирањето на Битола
Локација на германската артилерија кај селото Снегово од каде го бомбардираа градот.
Битола во урнатини во 1917 година на разгледница издадена од Cliche J.M од Франција.
Последици од бомбардирањето на Битола
Тоа се првите цивилни жртви во Првата светска војна кои беа задушени од отровниот гас употребен од Германците. Во периодот од 9 до 11 март 1917 година од отровен гас загинаа 550 жители, претежно жени и деца.
Панорама на Битола од Тумбе Кафе. Во преден план е Црвената касарна која овде е веќе разрушена од бомбардирањето. Малку подоцна настрада и Белата касарна од експлозија на муницијата која беше складирана во касарната.
Рушевини некаде во центарот на градот. По сите тие жестоки бомбардирања многу е тешко и да се препознае делот од градот на сликата. Во заднината на левата страна од центарот видливи се Исак и Јени џамија.
Битола. Остатоци од срушени и изгорени куќи по бомбардирањето.
Битола, 17 август 1917. Југозападниот агол на денешните улици Широк Сокак и „Димитар Илиевски-Мурато”. На ова место околу 1920 беше изграден ресторанот “Централ” а подоцна, околу 1975 година, на ова место ќе биде изграден хотелот “Епинал”.
Панорама на Битола од Јени џамија во 1917 год. Последици од бомбардирањето се видливи насекаде. Зградата на Работничкиот универзитет кон средината на сликата изгледа најмалку оштетена, но сите околни куќи од Рузвелтова улица и Широк Сокак се тотално уништени. Зградата на денешната пошта е, исто така, без покрив како и куќите во предниот план на оваа разгледница.
Панорама на западниот дел на градот од Саат кулата. Покрај куќите, во предниот дел на оваа слика, зградата на старата општина е потполно уништена, зградата на Гимназијата е без покрив и прозорци и многу други објекти во околината кои се помалку видливи на сликата.
Во ваква состојба Битола го дочека крајот на Првата светска војна. Рушевини, болести, недостиг на најосновните потреби за живот, сиромаштија, тоа беа карактеристиките за тој период од четири долги години. Огромен број кои го напуштија градот заради бомбардирањето, го чекаа крајот на војната да се вратат назад и да започнат нов живот во својот разрушен роден град.
Back 1 - Дел 1 2 - Дел 2 3 - Дел 3 4 - Дел 4 5 - Дел 5 6 - Дел 6 7 - Дел 7 8 - Дел 8 9 - Дел 9 10 - Дел 10 11 - Дел 11 12 - Дел 12 13 - Дел 13 14 - Дел 14 15 - Дел 15
Next