Реката Драгор настанува од повеќе мали реки и тоа од Диховскиот Драгор (во должина од 12 км. чии изворишен дел го чинат повеќе водотеци што извираат од падините на Пелистер и тоа: Сапунчица, Лак поток, Црвена река и Клисурица) и Братиндолскиот Драгор или Бороица.
Вкупната должина на р.Драгор изнесува 25,123 км со обем на вододелниците од 67 км, слив од 188 км2 и среден пад од 17,0 ‰ .Количеството на вода во реката зависи исклучиво од врнежите и подземните води на Баба и Пелистер.
Просечниот протек на р.Драгор низ градот од ноември до јуни изнесува 2 – 3 м3/сек.