Цапари е планинско село во Општина Битола, сместено на падините на Баба Планина на надморска висина од 1.010 метри, оддалечено 15 км од Битола.
Според пописот во 2002 година во селото живееле 493 жители и тоа е воедно една од најбројните селски населби во подножјето на Баба планина.
За време на Илинденско востание жителите на село Цапари активно се вклучиле во вооружените борби против турските власти за што сведочи Споменикот на паднатите борци од илинденскиот период и НОВ во центарот на селото.
Споменик на паднатите борци од илинденскиот период и НОВ во с. Цапари (прочитајте повеќе…)
Особено е интересна традиционалната архитектура и автентичните куќи од кои има и такви стари и до 100 години.
Селото има богата христијанска традиција за што сведочат соборниот xрам “Св. Ѓорѓи” и манастирот Св. Петка во близина на селото.
За време на Првата светска војна фронтовата линија врвела во близина на село Цапари и денес во црквата Св. Ѓорѓи и во Бугарските воени гробишта во близина на селото може да се видат голем број на гробови од тој период.
Бугарски воени гробишта од Првата светска војна
Во селото постојат неколку фамилии кои поседуваат вредни приватни колекционерски збирки, од кои особено интересна е збирката на Ристо Веловски, кој има препарирано 50-тина диви животни и птици.
Вистински вир – село Цапари (прочитајте повеќе…)
За време на зимскиот период, особено интересен настан е Цапарскиот карневал под маски или „Василичари“.