Магарево – село во Општина Битола

St. Dimitrij Magarevo

Село Магарево се наоѓа во подножјето на Баба планина, на 1080 метри надморска висина, на 8 км западно од Битола.

На почетокот во селото во селото живееле помал број на жители, се до крајот на осумнаести век кога се населуваат голем број на влашки фамилии претежно од Москополе.

Населувањето на голем број на интелектуалци, лекари, трговци и занаетчии позитивно се одразиле врз развојот на ова село во кое биле отворени и основни училишта, полугимназија и женско училиште. Бисер на архитектурата може да се каже дека претставува црквата Св. Димитриј изградена во 1835 година. Во нејзина близина во 1871 година била изградена црквата Св. Ѓорѓи и бил оформен женски манастир.

Нагорната линија на развој која ја имала оваа просперитетна населба, нагло се прекинала за време на Првата светска војна кога линијата на фронтот минувала низ селото и истото во гоема мера било разрушено. Гоем дел од населението избегало од своите домови, дел бил интерниран во Бугарија од каде многу не се вратиле, а воедно и многу луѓе загинале.

По војната продолжило иселувањето, па така според последниот попис во 2002 година во селото живееле 87 жители.

Прочитајте повеќе…

Св. Димитриј – село Магарево

Св. Ѓорѓи – село Магарево