СПОРТ, СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ И СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ВО БИТОЛА

Bitola, Macedonia

За општина Битола можеме да кажеме дека скоро сите спортови кои егзистираат во Македонија се застапени и тука. Како нај трофеен спортски клуб би се издвоил ракометниот клуб “Пелистер” кој има постигнато врвни резултати во земјата, а и пошироко во европските натпреварувања.

Битола може да се пофали со спортски резултати на другите спортски клубови како ФК ‘“Пелистер“, КК “Пелистер“, скијачите на СК “Пелистер“ гимнстичарките на КГС “Партизан“, а во 2005 год. им се приклучија танцовите двојки од танцовиот клуб “Степ“ – Битола.

Историскиот подвиг на Димитар Илиевски – Мурато член на ПСД “Пелистер“ со освојувањето на највисокиот врв на светот Монт Еверест (8.864 м) во 1989 г. многумина го споредуваат со златна олимписка медаља.

Во Битола се одржуваат повеќе спортски манифестации од кој би издвоиле неколку: Спортски натпревари во организација на сојузот на спортови по повод 4-ти Ноември денот на ослободувањето на Битола најзначајна е ноќната трка со учество на преку 1200 натпреварувачи, пролетни и есенски мото-крос трки во Братин Дол, пролетни и есенски кросеви и спортски натпревари за ученици од основните и средните училишта, кошаркарски турнири и секако Планинарскиот марш во месец мај по повод освојувањето на Монт Еверес од Димитар Илиевски-Мурато кој не успеа да се врати од снежните падини на Хималаите.

Во Битола спортски се опфатени и инвалидите преку сојузот за спорт и рекреација на инвалиди. Спортски објекти во општина Битола

 

Спортски објекти во општина Битола

Р. бр. Вид спортски објекти Број на спорт. објекти Сопственост на спорт.објект Средства за нивна изградба (самопридонес,донација, општина,влада,министерство)
1. Спортска сала “Младост” 1 ЈПССО Куглана што е во состав на спорт.сала дадена е под концесија Самопридонес
2. Спортска сала на ДГС ”ПАРТИЗАН” 1 ДГС”ПАРТИЗАН”дел е даден под закуп Државни и Општински
3. Училишни спортски сали 6 Министерство за образование Државни и Општински
4. Градски фудбалски стадион 1.главен 3помош. ЈПССО под концесија на ФК”Пелистер” Битола Општински
5. Пливачки базен отворен 1 ЈПССО Договор под закуп Државни,Општински а ресторанот од средства на СОФК-Битола
6. Тениски игралишта 5 1.ЈПССО ОУ”Ел.Караманди” (Мин за образование) ДГС”ПАРТИЗАН” По договор за закуп Со сред.од уч.спорт.друштво По договор за закуп

 

 

7. Скијачки патеки 2 1.”Копанки” ПСД”Пелистер” 2.Нижополе на ХМС”Стрежево” Општински
8. Стрелишта 3 2.Минист. за образование 1.Работна организација Државни Сопст.на “СОКОМАК” Бит.
9. Ловишта 3 Р.Македонија  
10. Планинарски домови 3 1. Копанки ПСД ”Пелистер” 2. Големо Езеро ПСД”Пелистер” 3. Неолица ПСД ”Ѓорѓи Наумов” Општински
11. Трим патеки 1    
12. Ракометно игралиште 1 ЈПССО под концесија Општински
13. Мини и повеќе наменски игралишта 2    
14. Спортска сала при ССРИ 1    
15. Други објекти   / Спортски објекти при АРМ
16. Недовршена спортска сала 1   Агенција за млади и спорт /
17. Мотокрос патека -Братиндол 1    

 

ЧЛЕНКИ НА СОЈУЗОТ НА СПОРТОВИ

  1. АИКИДО КЛУБ ”ПЕЛИСТЕР”
  2. АТЛЕТСКИ КЛУБ ”ОЛИМП”
  3. АВТОМОТО ДРУШТВО ”БИТ КРОС”
  4. АЕРОКЛУБ ”МИРКО ТОДОРОВСКИ”
  5. БОКСЕРСКИ КЛУБ ”БИТОЛА”
  6. БОКСЕРСКИ КЛУБ ”ПЕЛИСТЕР”
  7. ВЕЛОСИПЕДСКИ КЛУБ ”ПЕЛИСТЕР”
  8. ДГС ”ПАРТИЗАН”
  9. КАГ ТОП-ГАН
  10. КАРАТЕ КЛУБ ”БУШИДО”
  11. КАРАТЕ КЛУБ ”СТУДЕНТ”
  12. КАГ ББА ”ЕЛЕКТРОЛУКС-ВЕИДОР”
  13. КАГ ”ОЛИМПИК”
  14. КАГ ”ШАМПИОН”
  15. КАГ ”ПАЉО”
  16. КОШАРКАШКИ СОЈУЗ
  17. КОШ. КЛУБ ”ПЕЛИСТЕР” – ЖЕНИ
  18. КОШ. КЛУБ ”МЛАДОСТ” М- Ж
  19. КОШ. КЛУБ ”ПЕЛИСТЕР”
  20. КУНГ-ФУ КЛУБ ”БИТОЛА”
  21. ОПШТИНСКИ ФУДБАЛСКИ СОЈУЗ
  22. ПЛИВАЧКИ КЛУБ ”ЈУГ”
  23. П.С.Д. ”РЕК”
  24. П.С.Д. ”ПЕЛИСТЕР”
  25. П.С.Д. ”ЃОРШИ НАУМОВ”
  1. РК ”ПЕЛИСТЕР”
  2. РАКОМЕТЕН ОДБОР
  3. СТРЕЛАЧКИ СОЈУЗ -БИТОЛА
  4. СТРЕЛАЧКИ КЛУБ ”ЈУГОТУТУН”
  5. СТР. КЛУБ ”ЖИТО-БИТОЛА”
  6. СТР.КЛУБ ”НИШАН”с.”БУКОВО”
  7. СТР. КЛУБ ”ЈАНЕ САНДАНСКИ”
  8. СКИЈАЧКИ КЛУБ ”ПЕЛИСТЕР”
  9. СКИЈ. ДРУШТВО ”ЦРВЕНИ СТЕНИ”
  10. ГРАД. СТР. КЛУБ
  11. ПИНК. КЛУБ ”ПЕЛИСТЕР”
  12. СОЈ. ЗА СП. И РЕКР. НА ИНВАЛ.
  13. СЕКЦ. СПОРТ. НОВИНАРИ
  14. СПОРТСКА МЕДИЦИНА
  15. СОЈ. НА УЧИЛ. СПОРТ
  16. Т.К. ”БИТОЛА”
  17. ФК ”НОВАЦИ”
  18. Ф.К. ”ПЕЛИСТЕР”
  19. ЏУДО КЛУБ ”ПЕЛИСТЕР”
  20. ШАХ. КЛУБ ”СТЕВО ПАТАКО”
  21. СТРЕЛАЧКИ КЛУБ”ТУМБЕ КАФЕ”
  22. КАРТИНГ КЛУБ”ПРЖО”
  23. ПЛИВАЧКО ДРУШТВО”ОЛИМПИК”
  24. КУГЛАРСКИ КЛУБ “ПЕЛИСТЕР”
  25. СТЕП-КЛУБ БИТОЛА
  26. ЖРК “ПЕЛИСТЕР”-МЕТАЛЕЦ
  27. ПСД “МЕДИКУС”
  28. РК”ПЕЛАГОНИЈА”
  29. СРД”ЦРНА РЕКА”
  30. УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТСКИ СОЈУЗ
  31. СК”МОЛИКА”
  32. ФК”МФК”БИТОЛА
  33. 34 фудбалски клубови во Општинска фуд. лига.
  34. Женски фудбалски клуб

Текстот е преземен од Општина Битола ….

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме внесете коментар!
Ве молиме внесете име