Храмот посветен на Св. Димитриј во село Дихово е мала трикорабна црква со камбанарија прикачена кон западната фасада.
Според натписот над една од вратите, храмот е изграден во 1830. Иконостасот е составен од три реда на икони кои потекнуваат од периодот помеѓу двете светски војни.
Според некои експерти, на тоа место постоела постара црква од каде и потекнуваат и зачуваните икони од 18 и 19 век.