Објектот во кој денес е сместена Стопанска банка Битола, според своите историски и архитектонски вредности е споменик на културата на Република Македонија.
Изграден при крајот на 19ти век како седиште на Отоманската банка во Битола, како таков бил користен до 1912. Објектот бил оштетен при бомбардирањето на Битола за време на Првата светска војна
Објектот за време на Првата светска војна
По Првата светска војна тука е сместена Француско-Српската банка, а по Втората светска војна – Земјделска банка.
Еден период по Втората светска војна во зградата била сместена печатницата Киро Дандаро, а подоцна тука се сместува „Стопанска Банка“, функција која ја има и денес.
Стилски објектот му припаѓа на француските сецесионистички фасади кои богато се украсуваат со слики на орнаменти на стилизирана флора распоредени на сите делови на фасадата. Покрај сецесионистичките елементи на фасадата, присутни се и ренесансни и барокни елементи.
Објектот е еден од најубавите примери на архитектурата во Битола.