Св. Димитриј – Битола

Св. Димитриј, Битола
Црква Св. Димитриј, Битола

Црквата Св. Димитриј е подигната 1830 година, на местото на некогашниот стар параклис од 1726 кој изгорел во пожар.

Изградена со посебно одобрение на турските власти, црквата требало да биде скромна и неугледна градба, пониска од околните џамии. Поради тоа, истата е вкопана во земја и е израдена е за само четири месеци со доброволни прилози од битолските христијани.

Внатрешноста на оваа црква е богато разиграна со импозантни галерии на катот, резбан владичин трон, двокатен иконостас во плитка резба и амвон. Иконостасот потекнува од средината на XIX век и е изработен во плитка резба, а подоцна е гипсиран и позлатен. Камбанаријата е од 1936 година и е дело на Александар Дероко.

Денес црквата Св. Димитриј е централна црква во Битола и во неа се одржуваат најголем број на венчавки, крштевки а воедно е и централно место за сите поважни христијански празници.

Saint Dimitrij Church in Bitola, Macedonia

Saint Dimitrij Church in Bitola, Macedonia

Saint Dimitrij Church in Bitola, Macedonia

Saint Dimitrij Church in Bitola, Macedonia

Iconostasis - Saint Dimitrij Church in Bitola (Св. Димитрија Битола)

Saint Dimitrij Church in Bitola, Macedonia