Црквата Св.Ѓорѓи во село Цапари е голема трикорабна црква изградена во 1888 година. Брзо по нејзината изградба таа е осликана од браќата Радеви од Лазарополе (Јаков и Јосиф). Особено импресивен е јужниот влез во црквата со насликаните претстави на архангелите Михаил и Гаврил.
Како сведоштво на постоењето на постара црква на ова место е богатата збирка на икони датирани од 18 и 19 век.
Во дворот на црквата Св. Ѓорѓи видливи се голем број на гробови на војници од бугарската војска, кои загинале во близина на село Цапари за време на Првата светска војна. Во близина на селото се наоѓаат и бугарски воени гробишта од овој период.
Во близина на црквата Св. Ѓорѓи се наоѓа малата еднокорабна црква Св. Атанасиј и импресивниот манастирски комплекс Св. Петка.