Манастирот Св. Илија е сместен на височинка веднаш над село Крклино. До манастирот води тесен асфалтиран пат со посебен режим на движење, во периодите кога има повеќе посетители.
За време на Првата светска војна село Крклино и манастирот Св. Илија биле на самата фронтова линија и биле разрушени. На влезот на манастирот денес е видлив бункер кој се претпоставува дека е од тој период, а воедно и во самиот манастир на неколку места има фотографии од тој период.
Она што го прави особено интересен за посета овој манастир во секој период од годината е неговата местоположба и прекрасните панорами кон Пелагонија и Пелистер.