Св. Петка, село Маловишта

St. Petka church, Malovishte village

На стрмните падини во централниот дел на село Маловишта, врз вештачки оформено плато се наоѓа храмот посветен на св. Петка. Изграден во 1856 година, храмот е едно од поголемите архитектонски зданија во Националниот парк Пелистер.

Со својот сочуван фрескоживопис, како и извонредниот дрвен иконостас изработен во длабока резба храмот Св. Петка е едно од местата кои не смеете да ги пропуштите при посетата на село Маловиште.

Особено интересна е и галеријата на икони сместена во горните простории на црквата, со примероци на икони кои потекнуваат од 16 век, односно дел од иконите потекнуваат од стариот храм кој постоел на ова место.
Храмот е заклучен и за посета гостите треба да се обратат до црковниот одбор во селото.

St. Petka church, Malovishte village

Св. Петка - село Маловиште, Општина Битола
Св. Петка - село Маловиште, Општина Битола
Св. Петка - село Маловиште, Општина Битола
Село Маловиште, Општина Битола
Константин Белимаче - споменик село Маловиште, Општина Битола
Св. Петка - село Маловиште, Општина Битола
Св. Петка - село Маловиште, Општина Битола
Св. Петка - село Маловиште, Општина Битола