Извадок од книгата – Битола – Монографија, 1984 година*
Посетите на другарот Тито секогаш беа примани од работните луѓе и граѓаните во Битола со големо воодушевување. Тие денови за битолчани претставуваа своевиден празник. Секој човек, со нетрпение сакаше да го поздрави, одблиску да го види својот сакан Претседател, најголемиот син на југословенските народи и народности, граѓанинот на светот, другарот Јосип Броз Тито.
Хроничарите забележале дека од шеснаесетте посети на другарот Тито на Социјалистичка Република Македонија, четирипати ја посети и Битола.
За прв пат Тито дојде во Битола на 2 јуни 1957 година, непосредно по прославата на неговиот 65-ти роденден. My беше приреден незапамтен пречек. Поминуваше низ шпалир од повеќе километри на воодушевени луѓе. Улиците беа послани со цвеќе. Градот празнуваше. Тогаш другарот Тито ја посети Фабриката за фрижидери „Горѓи Наумов” и Фабриката за кожи „Борис Кидрич”. Притоа се интересираше за производството, пласманот и квалитетот, за животот на работниците и развојните перспективи. Ги посети речиси сите погони на „Фрижидерка”, инаку тогаш една од првите вакви фабрики во земјата. Притоа домаќините го информираа дека овде годишно се произведуваат четири илјади тони фрижидери и други производи.
Некогашниот металец, на младите индустриски работници во Битола им укажа дека има потреба од многу творечки напори, стручни знаења, свест и дека тоа што го имаат во фабриката е на работничката класа и мора постојано да се чува и да се развива. Оваа фабрика беше поттик за нови работни победи, за изградба и на други индустриски капацитети во овој град. Неговиот збор влеваше сигурност и верба во иднината.
Иако беше неделен ден, другарот Тито изрази желба да ја посети и Фабриката за кожи, каде што со голем интерес ги разгледуваше производите. Годишниот капацитет на оваа фабрика, тогаш, изнесуваше 1.200 тони сурова кожа и 400 илјади килограми кожни производи. И овде не изостана неговиот интерес за работата, за квалитетот, за условите во кои се работи.
Втората посета на Битола другарот Тито ја и.маше на 15 ноември 1961 година (при неговото седмо доаѓање во Македонија и свеченото пуштање во употреба на делницата од автопатот Грделица -Скопје). Околу 50 илјади битолчани, уште од раните утрински часови, иако денот беше студен и дождлив, излегоа да го пречекаат својот Претседател, кој минуваше низ градот, на пат за Охрид. Улиците од Железничката станица – Булеварот „Иво Рибар – Лола” – „Маршал Тито” – двата градски плоштади и по должината на кејот на реката Драгор, па се до излезот на градот, од двете страни беа полни со граѓани чекајќи да го видат Тито.
Утредента – истата слика: уште еднаш сакаше секој да го поздрави својот сакан гостин. Тогаш, со претставниците на градот во Синиот воз имаше пократок разговор, при што покрај другото, посебно се интересираше за развојот на земјодел-ството, приносите на шеќерната репа, високородните пченици, исушувањето на Пелагониското Блато и пошироко за растежот на Битола.
На 21 октомври 1967 година другарот Тито по трет пат го посети нашиот град. На Железничката станица во Битола беше топло пречекан и откако домаќините му посакаа пријатен престој, тој имаше особено срдечен разговор со група учесници во HOB.
За оваа посета „Нова Македонија” пишуваше: „Речиси цела Битола денес беше на нозе. И млади и стари, ученици и работници, се наоѓаа на битол-ските улици кои формално беа преплавени од народ. Колоната од автомобили која од Железничката станица се движеше преку железничкиот булевар, улицата „Маршал Тито”, низ двата градски плоштади се упати кон селото Новаци, во чија близина се наоѓа еден од земјоделските погони на Комбинатот „Пелагонија”. Автомобилите одвај се пробиваа низ густите шпалири што се шаренеа од илјадници знаменца и транспаренти, разнобојни цвеќиња со кои се постилаа улиците и се опсипуваше автомобилот на другарот Тито”.
Во Комбинатот тој подолго се задржа на една парцела со шеќерна репа, каде се изврши демонстрација на примена на – најсовремена механизација за берба на оваа култура. Тука претседателот Тито посебно се интересираше за приносите на репата, наводнувањето, примената на вештачки ѓубрива, доходовноста во земјоделството, развојот на сточарството, преработувачките капацитети и извозот на земјоделски производи.
Задоволен од она што го виде во овој Комбинат, во хотелот „Македонија”, другарот Тито одржа здравица при што, покрај другото рече: „Не импресионира она што го видовме при посетата на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија”. Јас и порано сум слушал за тоа, но поинаку е кога за нешто се слуша или чита, а поинаку кога непосредно ќе се види. Дури тогаш се гледа колку огромен скок сте направиле во земјоделството. Техниката што ја применувате навистина е совршена…”
Исто така, по кратката прошетка во центарот на градот, особен интерес покажа и за историскиот и културниот развој на Битола, посебно за старо-градската архитектура за која рече дека претставува големо богатство и таа треба секогаш да се чува.
Последен пат Тито беше гостин на Битола на 3 август 1969 година, кога се прославуваа 66-годиш-нината на Илинденското востание и 25-годишнината од создавањето на Македонската држава во рамките на СФРЈ, кога зборуваше на свечената седница на Собранието на CP Македонија.
И покрај тоа што овој пат во Битола беше на пропатување, граѓаните не ја пропуштија можноста срдечно да го поздрават.
Такви беа посетите на другарот Тито, на човекот кој целиот свој живот го посвети на борбата за остварување на идеалите и стремежите на работничката класа на народите и на народностите на Југославија.
Како израз на неизмерната љубов и големата почит на работните луѓе и граѓаните на Општината кон личноста и делото на другарот Тито, a no повод 40-годишнината од доаѓањето на чело на КПЈ и неговиот 85-ти роденден, Собранието на општи-ната на заедничка седница на Соборот на здружен труд, Соборот на месните заедници и Општествено-политичкиот собор, на Денот на ослободувањето на градот, 4. XI 1977 година, донесе едногласна одлука да му се додели ЗЛАТНА ПЛАКЕТА НА ОПШТИНАТА БИТОЛА.
*Битола – Монографија 1984 година
издавачки совет: Кирил Алтипармаков, Димитар Бошков, Јонче Велев, Коле Волчевски, Владимир Георгиев, Тале Гошевски, Драган Димитров, м-р Јаким Ивановски, Благој Јошевски, Митко Крстевски, м-р Миле Кочанковски, Владимир Костов, м-р Мери Кафкалева, д-р Димитар Котевски, Даница Кочовска, д-р Ѓорѓи Михајловски, (претседател), д-р Даме Несто-ровски, Наум Палигора, Трајко Соколовски, м-р Михајло Хаии Стерју и Јаков Чаловски
РЕДАКЦИСКИ ОДБОР: Павлина Василева, Ѓорги Димовски-Цолев, Тоде Ѓоревски, Јован Кочанковски, Горѓи Лумбуровски, (претседател), Панде Манојлов, м-р Трајко Огне-новски, м-р Никола Талевски, Горѓи Танковски (секретар), Петар Целаковски
Редактори на текстовите: Ѓорѓи Димовски-Цолев, Јован Кочанковски, м-р Трајко Огненовски, м-р Никола Талевски, Ѓорѓи Танковски
Преведувачи: Фанија Стошиќ – англиски јазик, Милена Цекова – француски јазик Милинка Трајковска – германски јазик Таисија Попспирова – руски јазик
Автори на колор фотографии: Атанас (Сако) Нашоку, Петар Ставрев
Црно белите фотографии се користени од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола