Васко Василевски најдобар спортист на Битола за 1965 година

Васко Василевски најдобар спортист на Битола за 1965 година
Боксерска елита на чело со тренерот Васко Талевски. Васко Василев 1965 година стана југословенски шампион и спортист на годината на Битола за истата година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола) – Оригинален наслов: ВАСКО ВАСИЛЕВСКИ НАЈДОБАР МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ – 1965 година


По Трифун Робев, Васко Василевски беше вториот боксер што беше прогласен за најдобар спортист на Битола. Тоа беа години кога боксот навистина бележеше добри резултати.
Прогласувањето на најдобрите спортисти за 1965 г. се изврши во почетокот на јануари 1966 г.
Ранг-листа на најдобрите за 1965 г.:

  1. Васко Василевски – бокс
  2. Боге Тасевски – фудбал
  3. Слободанка Талева – стрелаштво
  4. Лазар Поповски – падобранство
  5. Борче Илиевски – шах
  6. Љубиша Николиќ – фудбал
  7. Ефтим Ефтимовски – кошарка
  8. Ристо Костадинов – ракомет
  9. Мирко Тотов – гимнастика
  10. Лазар Ташевски – атлетика

Ранг-листата на десетте најдобри спортисти на Битола за 1965 г. и овојпат беше составена врз гласовите на читателите на Битолски весиик. Васко Василевски го привлече вниманието откако на Младинскиот шампионат на Југославија во бокс го освои првото место во бантам категорија. Тоа беше најголем успех што еден боксер го имаше постигнато во долгата историја на боксот во Битола.

За разлика од 1964 годииа, кога иницијативата за воспоставување на манифестацијата Избор на најдобрите спортисти беше заедничка меѓу спортската редакција на Битолски весник и СОФК-а, во оваа година работите врз себе почна да ги презема раководството иа СОФК-а, но со силна поддршка и асистенција на спортската редакција на Битолски весник, која го организираше гласањето и ги повикуваше вљубениците во спортот да го дадат својот глас и да одлучат кој, според нив, може да се најде на ранг-листата на најдобрите.

Несомнено, големи заслуги за воспоставуваљето на оваа манифестација имаше Спиро Мачески, кој професионално беше ангажиран како просветен работник, но истовремено беше и дописник на повеќе спортски гласила, меѓу кои и Битолски весник каде што стана уредник на спортската страница уште од првиот број што се појави во почетокот на 1964 година.

Една од најсилните битолски кошаркашки екипи. Ефтим Ефтимовски, првиот од десно, беше и тренер и играч
Една од најсилните битолски кошаркашки екипи. Ефтим Ефтимовски, првиот од десно, беше и тренер и играч