Вера Велјановска – атлетика – најдобра меѓу најдобрите во Битола за 1971 година

Вера Велјановска - атлетика - најдобра меѓу најдобрите во Битола за 1971 година

(Извадок од книгата – „НАЈДОБРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ“ од авторот Димче Миновски (Битола 2013 г, издавач – Сојуз на спортови – Битола)


СОФК-а и Битолски весник успешно го организираа Изборот на најдобрите спортисти и во средината на јануари 1972 година. Се разбира, признанија се доделуваа за успесите на спортистите остварени во 1971 година.

Битолската „газела” Вера Велјановска

За прв пат се додели признание и за најуспешна екипа. За најдобар спортски колектив во 1971 година беше прогласена екипата на РК „Пелагонија” која за прв пат во својата историја избори пласман во елитната Прва југословенска ракометна лига.

Големата прослава што се одржа повторно во преполната сала на киното „Партизан”, беше дополнета со богата културно -уметничка програма во која настапија: групата “Оне и Они”, Далиборка Стојшиќ, Жарко Данчуо, Лидија Кодриќ, Миња Субота, Сашка Петковска, Славе Димитров, Ацо Симоновски и Елица Ковачева. Ѕвездите од тогашната ју-забавна естрада ги придружуваше ансамблот на Александар Саша Субота. Тоа чинеше многу, но пари не се жалеа.

За спортист на годината ( 1971 г.) без конкуренција, беше избрана атлетичарката на АК „Олимпија”, Вера Велјановска, која токму сега беше во зенитот на својата слава. Велјановска во оваа година оствари навистина завидни резултати, а, покрај другото, стана државна рекордерка и на 60 м.

Ранг-листа на најдобрите за 1971 г.

1.Bepa Велјановска – атлетика
2.Михајло Петровски – гимнастика
З.Пеце Димитровски – ракомет
4.Митра Секирковска – падобранство
5.Менде Таневски – фудбал
6.Пеце Стојанов – стрелаштво
7.Милка Гемтова – скијање
8.Мамер Коминовски – бокс
9. Миле Атанасов – кошарка
10.Димче Петковски – пинг-понг

Мијхајло Петровски беше еден од најдобрите гимнастичари во Битола. Во мај, оваа година, го освои првото место во сениорска конкуренција во Македонија, Прво место освои и на републичкиот повеќебој. На државното првенство, во силна конкуренција, беше шести. Специјалност му беше „коњот”. Потсетуваше на тогаш прославениот југословенски гимнастички ас – Мирослав Церар.

Пеце Димитровски подолго време беше ракометар број еден во Битола и Републиката. Беше капитен на „Пелагонија” и еден од најзаслужните што оваа екипа, по четирите обиди, во 1971 година се најде во Првата сојузна ракометна лига.

Митра Секирковска веќе беше позната со својата храброст и подвизи. Повторно се најде меѓу десетте најдобри откако во 1970 г. стана југословенски рекордер на илјада метри со задршка и истиот успех, во ноќни услови, го оствари и во 1971 година, кога постави нов југословенски рекорд – (2.98 м).

Методија Таневски беше капитен на ФК „Пелистер” и најдобар стрелец во есенскиот дел од првенството во Македонската фудбалска лига.

Пеце Стојанов значеше за еден од најдобрите стрелци во Битола. Освои втори места на републичкото првенство, на турнирот во Босански Шамац и на конкурсните натпревари за избор на репрезентативци на Македонија.

Милка Гемтова беше една од најдобрите скијачки во женска конкуреиција во Битола и Македонија. Покрај успесите на натпреварите во Македоиија, на Балканскиот шампионат го освои шестото место.

Мамер Коминов претставуваше вистински талент во боксот. Во ова бреме беше член на боксерската школа и на двете изборни првенства во Битола и Штип ја освои титулата „златен гонг” и беше прогласен за најдобар боксер на Македонија во младинска конкуренција.

Миле Атанасов години со ред беше меѓу најдобрите кошаркари на на КК „Младост”. Освојувањето на првото место во Републиката беше и негова заслуга.

Димче Петковски неколку години беше рекет број еден во пингпонгарскиот спорт. Во оваа година настапи на 33 официјални натпревари, а од 70 одиграни партии 64 реши во своја полза. Во 1971 година стана и студентски првак на Македонија.