Зандан Куле

Zandan Kule Bitola

Објектот Зандан куле е лоциран во дворот на основното училиште „Стив Наумов”. Не постојат точни информации околу датумот на негова изградба, но со сигурност се знае дека неговата првична функција не била зандана – затвор.
Кулата била изградена од бегот на овој имот за лична заштита и подоцна е претворена во затвор од страна на турските власти, кога се и револуционерните движења во Македонија. Пред и после Илинденското востание во оваа кула биле затворани македонските револуционери, па оттука го доби и називот „Зандан куле”.

Објектот е граден од обичен камен и е мал по димензии. Основата е квадратна со влез на височина од 1,5 метри. Прозорците се тесни и со железни решетки. Кога кулата била претворена во затвор во нејзината внатрешност биле извршени се извесни адаптации: тогаш се направени две ќелии, од кои едната е во приземјето, а другата на катот. Под покривната конструкција се наоѓа соба за стражарите. Кулата има и пушкарници за одбрана од непријалетот, a пo внатрешните ѕидини и до денес се сочувани турски натписи.