ЗДРАВСТВЕН ДОМ – Битола

Здравствениот дом е изграден и пуштен во работа од 1956 год. и ја обавува примарната здравствена заштита во објектот Здравствен дом во централното градско подрачје во Општина Битола, во 7 реонски здравствени станици, 12 школски амбуланти и 22 селски амбуланти и Медицина на трудот.

Контакт

  • ул. Панде Николов б.б.
  • тел. централа: 047/ 220-520
  • факс: 047/ 220-112

Во склоп на Здравствениот дом функционираат и служби кои организирано припаѓаат под Клиничка болница со 5 специјалистичко-консултативни дејности и тоа:

  • интерна
  • хирушка
  • кожно-венерична
  • пнеумофтизиолошка и
  • орална хирургија

Во рамките на Здравствениот дом работат следниве служби:

  • училишна медицина – 12 амбуланти
  • општа медицина – 11 амбуланти во Здравствен дом и 11 во реонски станици и 22 селски амбуланти
  • Итна медицинска помош и домашно лекување
  • Трудова медицина
  • Спортска медицина
  • Гинекологија и акушерство – 2 амбуланти
  • Педијатрија (- Превентивна здравствена заштита во 3 амбуланти и Куративна здравствена заштита во 3 амбуланти во Здравствен дом и 3 амбуланти во реонски станици)
  • Лабораторија
  • Стоматолошка служба – 9 амбуланти во Здравствен дом (5 протетички амбуланти, 2 ортодонција, 1 детска и превентивна стоматологија и 1 итна стоматологија) и 8 школски амбуланти
  • Депо за лекови