Село Зовиќ е познато по прекрасниот Филмски мост на Градешка река, живописната природа, традиционалната архитектура и многу други работи кои го прават ова село една од најпосетуваните локации во Мариово.
Манастирот Чебрен покрај Црна Река е сместен во атарот на село Зовиќ и истиот го сочинуваат малата црква Св. Спас од XVI век позната по ѕидното сликарство и обновениот храм Св. Димитриј, чиј што олтарен дел е единствениот остаток од големата црква која постоела на тоа место, каде во 90 тите години на XX век локалното население го подигнало новиот храм.
Она што особено пленува е живописната природа која го опкружува овој манастир, сместен во кањонот на Црна Река.
Инфо
• Вид на тура: Туристичко возење со Џип (4х4 возило)
• Тежина на турата: средна
• Локации: село Зовиќ, манастир Чебрен (Општина Новаци)
• Време кога може да се организира турата: пролет, лето и есен.
• Траење на екскурзијата: 8-10 часа
• Надморски висини: Битола: 615 m, Манастир Чебрен 440 м, Зовиќ 680 м
Програма:
• 09.00 ч – Поаѓање од претходно договорена локација во Битола
• Туристичко возење низ селата – Логоварди, Новаци, Маково, Рапеш (~30-40 мин).
• кратка пауза на живописна локација во близина на село Рапеш
• Туристичко возење низ кањонот на Црна Река преку Рапешки мост, до село влезот на село Зовиќ (~30 мин)
• Теренско возење по земјен пат до манастирот Чебрен (~ 4 км)
• Посета на манастирот Чебрен
• Теренско возење по земјен пат до село Зовиќ
• Посета на Филмскиот мост во село Зовиќ, слободни активности
• 16:00 ч – пристигнување во Битола
Галерија
Важно
Патувањето вклучува
• Превоз со теренско возило (4х4)
• Организација и реализација на патувањето
Не е вклучено
• патничко осигурување
• храна, пијалоци и други индивидуални трошоци
Сигурносни препораки
• Доколку сте алергични или имате потреба од некои лекарства, имајте во предвид дека сите џип тури се на локации надвор од урбаните средини.
• Деца под 18 години, мора да бидат придружувани од родител или старател.
Старт / Крај на екскурзијата
- Гостите се земаат / враќаат од претходно договорена локација во Битола (хотел, паркинг и сл)
Препорачана опрема:
• Соодветна облека и обувки за во природа. На некои локации има висока трева, па доколку планирате кратки прошетки, неопходно е да носите соодветна облека.
• Очила за сонце со UV филтер
• Крем за заштита од сонце (препорачано над SPF 30)
• Средство против инсекти
• Фото апарат
Храна и пијалоци
• Во екскурзијата не се вклучени храна и пијалоци.
Заштита на животната средина
• Строго е забрането и е казниво со закон било какво загадување на животната средина.
Измени во програмата и отказ на екскурзијата
- Организаторот има право да ја измени програмата во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.
- Доколку претходно уплатил, учесникот на патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги или пак соодветна замена.
- Организаторот е должен благовремено да го извести учесникот за новонастанатите промени.