ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола е основана во 1950 год.. Ова установа служи за згрижување, нега, исхрана и стимулација на деца од 0 – 3 годишна возраст, останати без родители и родителска грижа, како и привремено сместување и престој на самохрани бремени жени еден месец пред породување и три месеци после породување.
За децата во Установата се грижат следниве служби:
- Стручна служба за социјална, здравствена, педагошка и психолошка дејност;
 - Стручна служба за сместување, нега, исхрана и стимулација на децата
 - Стручна служба за правно, административно-финансово и материјално работење.
 
Ова установа има капацитет од 120 легла со 2600 м2 корисна површина. Располага со:
- Соба за прием и воспоставување на емоционален контакт
 - Приемно одделение со сестринска и лекарска соба за нега и обработка на новодојдени деца
 - Две бебешки групи (од 0-6месеци до 3 години) со седум спални соби и две дневни соби
 - Трпезарија и две занимални
 - Соби за мајки.
 
ЈУ ДОМ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА БИТОЛА
- ул. Васко Карангелевски бб
 - тел. 047/ 253-339 и 254-339
 - е-пошта:domzadoencinja@yahoo.com
 
            




