Јавното претпријатие е основано со решение на Министерството за финансии на НРМ од 09.06.1952 година, а со Статутот на претпријатието од 12.08.1998 год. се конституира како Јавно претпријатие “Пазари“ – Битола. ЈП “Пазари“ е основано за организирање и стопанисување со пазарите на големо и мало на подрачјето на Општината Битола и издавање на деловен простор под закуп.
Дејноста на Јавното претпријатие се врши во следниве организациони делови:
- сектор за стопанско-сметководствени работи;
 - сектор за општо-правни работи и издавање на деловен простор;
 - сектор за наплата на пазаришна такса;
 - сектор за издавање и чување на ваги и
 - сектор за трговија на мало и големо.
 
Контакт
Ј.П. “ПАЗАРИ“
- ул. “Коле Неделковски“ бб Битола
 - тел. 047/ 237-416
 - факс: 047/241-228
 - е-пошта: jppazari@mt.net.mk
 
            






