Андон иде од Битола,
од Битола, од Чаршија;
В рака носи ал шамија,
в ал шамија — леблебија,
леблебија, грутка шеќер,
грутка шеќер, суво грозје.
Право трга Мариово,
Мариово — село Дуње.
На пат сретна момичиња,
момичиња — мариовчиња.
— Девојчиња мариовчиња,
пат сторете да поминам
меѓу двете убавите,
ништо лошо не ви чинам.
Раце ми се зафатени,
џепој ми се полни, рамни
леблебија, грутка шеќер,
грутка шеќер, суво грозје.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год