По сокаци шетав
низ града Битола,
сретнав си девојче
с фереџе на глава.
— Поткрени фереџе, моме,
лице да ти видам,
дали си рисјанче, моме,
или си анамче!
— Бегова сум ќерка, лудо,
јас сум си анамче,
јас сум си анамче, лудо,
а ти си рисјанче!
— Ако си анамче, моме,
качи се на коња,
двајца да бегаме, моме,
во гора зелена.
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год