Битола, бабам Битола,
таму се живот живее!
Таму се живот живее,
таму се јаде и пие!
Битола, — мајска природа,
Битола, — златна градина,
со лични моми убави,
на лице бели црвени!
Битола, бабам Битола,
кој ми те толку проколна:
Да раѓаш моми убави,
да горат сите беќари!
Преземено од книгата: БИТОЛА БАБАМ БИТОЛА
Народни песни во кои се спомнува Битола,
собрал, предговор и речник напишал
проф. Филип Каваев
Издадена: Битола, Октомври 1969 год